Интегрирање на проектните резултати

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е запознаено со проектните продукти и по пилотирањето на ИОП-от заснован на МКФ во општина Гази Баба, направени се чекори за вклучување на новиот формулар за ИОП, како и листа за проверка на инклузија. Министерството изрази добра волја за интеграција на документот.

Исто така, планиран е трансфер на структурата за вклучување на МКФ во општа проценка на попреченоста во РСМ. Врз основа на Новата методологија за проценка на попреченоста во Македонија (поддржана од Светска Банка) и креирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, два документа за опис (документација од немедицински институции) и документација од други институции (како центри за рехабилитација, центри за дневен престој итн.) се создадени врз основа на резултатите од вклучувањето и планот на МКФ. Штом ќе биде објавена Новата методологија за проценка на попреченоста од страна на МТСП, овие документи креирани во рамките на проектите на МКФ ќе бидат задолжителни документи за вклучените институции.

 

!-

Download ICF compliant development documentation form according to Bildungsdirektion Niederösterreich (in German!)

-->