осврти

  • 1. Илинка е мирно и тивко дете. Лесно влегува во интеракција со возрасни и врсници. Вниманието го насочува кон структурирана активност и може да го одржи се додека трае активноста, со повремено водство и насочување. Покажува истрајност и мотивираност е во изработка на едукативни задачи. Усвојувањето на наставните содржини е предизвик за Илинка.

  • 2. Јована е дете со аутизам, Dg. F84. Рецептивниот говор е усвоен, експресивниот сеуште не е функционален и не го користи во спонтана комуникација. Продуцира мал фонд на зборови. Вниманието краткотрајно го насочува и сосредоточува со постојано водство, во активности од интерес самостојна е до 10 минути. Во интеракција Јована останува на страна и продолжува да го прави она што е во нејзин интерес, со насочување и поставување кратки вербални налози се вклучува во изработување поставена задача. Интеракцијата со врсници е предизвик за Јована. За социјалниот живот и грижата за себе е зависна од возрасно лице.

  • 3. Костадин е дете со Dg. Retinopatia prematurarum St. Post LKF, Astigmatism, Miopia, Strabismus. По оперативна интервенција гледа со помош на очила, му претстои уште една операција. Воспоставува контакт со лица од авторитет и го одржува соодветно. Лесно влегува во интеракција, покажува почит кон возрасни лица, со врсници се дружи и надвор од училишните активности. Костадин има усвоен рецептивен и експресивен говор. При процена на интелектуалните капацитети со тест РПМ добиен е резултат IQ=83. Вниманието уредно го насочува и сосредоточува. Самостојно ги усвојува наставните содржини и покажува релативно добри резултати.

  • 4. Лазар е дете кое лесно влегува во интеракција, меѓутоа без дистанца во контакт со непознати лица и со лица од авторитет. Разбира едноставни говорни искази, се изразува со аграматични реченици со тоа што постојано нешто вербализира и комуницира со сите околу себе. Психомоторно е раздвижен, вниманието е хипервигилно. При процена на интелектуалните капацитети со задавање тест РПМ добиен е IQ=63. Почитување правила и опстојување во структурирана активност, како и усвојувањето на наставните содржини е предизвик за Лазар.

  • 5. Марија е дете со церебрална парализа Dg. G80.8, со тешки пречки во телесниот развој. Оди нестабилно, со помош по нерамни површини, како и при качување, симнување скали. Клекнувањето е предизвик за Марија поради што грижа за себе обавува со помош. Лесно влегува во интеракција со возрасни и со деца. Има усвоен рецептивен и експресивен говор. При процена на интелектуалните капацитети со тест РПМ добиен е IQ=75. Вниманието уредно го насочува и сосредоточува. Мотивирана е за усвојување на наставните содржини и самостојна е во изработување на домашните задачи.

  • 6. Михаил е дете со со дислексија, дискалкулија, дисграфија. Има усвоен рецептивен говор. Комуницира со употреба на аграматична реченица. Вниманието го насочува и одржува со водење. При процена на интелектуалните капацитети со тест РПМ добиен е резултат IQ=85. Во усвојувањето на наставните содржини е побавен и потребни му се нагледни средства и помош од страна за да усвои техники како да го совладува материјалот. Во ситуации на стрес и вознемиреност потешко ги контролира емоционалните реакции.

  • 7. Никола е тивок, со поглед надолу во интеракција со лица од авторитет. Вниманието уредно го насочува и одржува. Соработува на сите поставени задачи, одговара на прашањата со гестикулација, показно. Разбира едноставни говорни налози, прави обид за вербализација кога се чувствува безбедно, со мотивирање и поткрепување се ослободува и го употребува првиот слог од зборот кој се обидува да го изговори. Артикулира неколку гласови, конзервација, класификација и серијација сеуште не се усвоени. Во состојба на психомоторен немир се самоповредува, се смирува со стереотипно клатење на телото.

  • 8. Надица воспоставува контакт, при што во интеракцијата е без дистанца. Се дружи со сестра ѝ, во однос на врсниците се повлекува, а и тие ја дистанцираат. Вниманието го насочува и одржува неколку минути со водење. При процена на интелектуалните капацитети со тест РПМ добиен е резултат IQ=39. Во средината во која живее изостанува едукативно стимулирање и воспитување. Усвојувањето на наставните содржини и е предизвик

  • 9. Ненад е дете со аутизам. Вниманието го насочува со водење неколку секунди. Поврзува точки со крива лиенација, црта круг со помош, прави кула од 10 коцки. Разбира едноставни говорни налози, кога се пропратени со показен знак. Говорот изостанува. При психомоторен немир, се самоповредува со гребење на рака. Интеракциите со возрасни и врсници, како и усвојувањето на едукативни содржини е предизвик за Ненад. За социјалниот живот, грижа за себе е зависен од возрасно лице.

  • 10. Огнен краткотрајно прави контакт. Вниманието го одржува до една минута во едукативна активност со постојано водење. Разбира едноставни налози, одговара по неколку повторувања на барањето со еден до два збора, во аграматична реченица, со нејасен изговор. Психомоторно е раздвижен, се следат ехолалија и маниризми. Се вклучува во стереотипна игра. Перзистирањето на тегобите го прави нефункционален на социјален план и во интеракција. Усвојувањето на наставните содржини е со помош и постојано насочување и водење. Совладани му се буквите и бројките, чита без разбирање на прочитаното.

  • 11. Аким е дете кај кое се направени хируршки интервенции поради вродена аномалија- расцеп на уста и непце, кое има оштетување на слухот, со Dg. Hypacusis bill.pp.l.dex. L-50db D-70db, меѓутоа сеуште не носи апаратче, поставувањето се одложува поради пандемиијата со КОВИД-19. Има пречки во гласот, говорот и јазикот-лице со тешка назализација. Тој е комуникативно и пријатно дете, позитивно расположено и лесно влегува во интеракција со возрасни и врсници. Се вклучува во игри, заедно и во придружба на братот. Мотивиран е и соработува при задавање едукативен материјал, меѓутоа усвојувањето на наставните содржини му е предизвик. При процена на интелектуалните капацитети добиен е резултат IQ=69. Вниманието го насочува и одржува во активност од интерес се додека трае активноста. Откако завршува уреден е и си средува по себе. Во однос на грижа за себе (облекување, хранење, бањање) има потреба од помош. Физиолошките потреби во тоалет ги обавува самостојно меѓутоа поради ноќно мокрење во текот на ноќта родителите му ставаат пелени.

  • 12. Тамара е психомоторно раздвижена и слободна во просторот и кога не го познава. Контакт со очи изостанува во интеркација со непознати и лица од авторитет. Разбира едноставни налози, одговара со еден збор понекогаш, со тоа што постојано вербализира и повторува фрази на англиски јазик. Говорот не го користи во спонтана комуникација. Ги игнорира барањата до неа, единствено реагира ако и биде поставен едукативен материјал точно пред неа за друг предмет да не и го одвлекува вниманието. Хипервигилна е, вниманието со насочување и водење го одржува до една минута. Во интеракција со врсници пристапува, прави краток физички контакт, се оддалечува и останува на страна. Перзистирањето на потешкотиите ја прави Тамара дисфункционална на социјално, емоционално и когнитивно ниво.

  • 13. Трајче е дете со спастична квардипареза, со најтежок степен на инвалидност. Се движи со помош на количка. Во однос на грижа за себе и мобилноста е зависен од друго лице. Воспоставува контакт и го одржува. Со почит се однесува кон возрасни. Има воспоставено другарски релации и со другарите излегува, се дружи и следи спортски натпревари. Рецептивниот и експресивниот говор му се усвоени, со тоа што изговорот е нејасен поради основното заболување. Мотивиран е и успешно ги совладува наставните содржини.

  • 14. Христијан е тивко и мирно дете. При процена на интелектуалните капацитети со тест РМП добиен е резултат IQ=43. Вниманието во едукативни задачи го насочува и одржува, во спонтана комуникација останува во контакт и дава одговори кои се на конкретно ниво. Разбира едноставни говорни налози, одговара кратко, со нејасен изговор и мал фонд на зборови. Во интеракција во лица од авторитет е послушен и исполнителен, со емотивни реакции проследени со плачење при стрес и фрустрација. Со врсници е адекватно вклучен во разни игри и активности за социјализација и дружење. Христијан сеуште не е описменет.